Мистериозно убиство во Англија


Во базен во луксузниот хотел Даун Хол во Хатфилд Хит, Англија, 30-годишен маж и неговата 20-годишна партнерка се пронајдени мртви играјќи ја популарната игра “мистериозно убиство”.

ubistvo-500Нив ги пронашле другите гости и судиите кои учествувале во оваа игра. Повикале полиција и итна помош која само ја констатирала смртта. Причината за смртта за сега е “необјаснива”. Со оглед на тоа дека во хотелот често се одигрува оваа популарна игра, гостите верувале дека доаѓањето на полицијата е всушност дел од претставата.

“Ги видовме полицијата и новинарите и помисливме дека се е толку добро изведено” рекол еден од гостите.

Полицијата наредила да се направат и токсиколошки анализи, а резултатите од обдукцијата би требало да бидат познати до крајот на денот.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1