Голманот на АИК – Хрватот Иван Турина пронајден мртов


Ivan-TurinaГолманот на шведскиот прволигаш АИК, Хрватот Иван Турина, утринава бил пронајден мртов во својот стан. Полицијата била повикана рано утринава во предградите на Стокхолм каде живеел 33-годишниот фудбалер, за кого се претпоставува дека починал од срцев удар.

 – Можам да потврдам дека Иван Турина е мртов, но нема сомневања за насилна смрт, – изјавил портпаролот на локалната полиција.
Локалните медиуми информираат дека Турина починал додека спиел, а зад себе оставил две ќерки и сопругата Сенка со која очекуваа и трето дете.

 Свет/Дерби
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1