Во судирот на два патнички воза во тунелот „Тошин бунар“ во Белград повредени се повеќе патници. Двата воза се судриле околу 13 часот и 30 минути во тунелот „Тошин бунар“ во Белград, а во нив имало повеќе од 100 патници.
За згрижување на повредените се ангажирани најмалку шест екипи на итна помош, 40-тина пожарникари со 11 возила, како и персоналот на Железницата на Србија кој со третиот воз, користејќи го другиот колосек во овој тунел, ги извлекуваат повредените на земунската страна.
Итната помош го примила повикот во 13 часот и 36 минути. Според првите неофицијални информации, повредени се 19 патници, од кои едно дете, кои ги згрижиле седум екипи на Итната помош и две трнаспортни екипи.
Неофицијалните информации се дека судирот се случил заради дефект на возот што возел кон Шид.