Семејство од Америка било подложноп на невиден стрес кога полицијата им се појавила на врата и само им го земала 5 месечното синче. Социјалната работничка не ни сакала да им каже каде ќе го носат болното детенце .
Имено Anna и Alex Nikolayev го однеле ден претходно бебето на лекар. Во болницата им рекле дека треба итна операција на срцето, но семејството не сакало да го остави бебето се додека не добие и второ мислење од лекар.
Тие веднаш потоа отишле во друга болница каде лекарот им кажал дека операцијата не е толку итна како што им било претходно кажано, но утредента на нивната врата се појавиле еден куп полицајци и социјален работник кои буквално го оттргнале болното бебенце кое плачело од рацете на мајката.
Тие биле повикани од болницата иако семејството јасно кажало дека сака второ мислење пред да дозволи некој хирург да го касапи нивното бебенце.
Социјалната работничка и полицајците се толку дрски што дури и не и кажуваат на мајката каде го носат бебенцето иако моли неколкупати. Социјалната работничка и рекла НЕ СЕ ОДНЕСУВАТЕ РАЗУМНО ЗАТОА НЕМА ДА ВИ КАЖАМ.
Како да се однесува мајка на 5 месечно болно бебенце кое и го земаат буквално од рацете??
За среќа сопругот ја вклучил камерата и целиот настан е снимен, а американските медиуми ја објавија сторијата.
Семејството ангажирало и адвокат и ќе поднесат тужба. А за иронијата да е поголема ,, итната,, наводна операција која била од витално значење за животот на детето – и не била така итна и бебенцето нема да биде оперирано ни наредната недела, а и не се знае кога ќе биде.