Охриѓанец добил крварење во мозокот од ракија


Од Интерно одделение при охридската болница во полиција синоќа било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето Д.Ц.(53) од Охрид.

184309-rakija-fonetПолицијата веднаш излегла на терен при што дознале дека вчера Д.Ц. со Г.Н. пиеле ракија од пластично шише, на една од тезгите во Градски пазар во Охрид,  при што  и двајцата биле видно под дејство на алкохол.

По кратко време Г.Н. си заминал, а околу 23:25 часот, Д.Ц. бил забележан како лежи.

По укажаната лекарска помош од страна на доктор било утврдено дека Д.Ц. се здобил со крварење во мозокот и е во животна опасност.

Истиот ќе биде пренесен на лекување во Одделението за неурохирургија во Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Охрид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1