Пет лица загинаа, а четири други се полесно повредени, при пожар што избувнал во една лимузина додека минувала низ мостот „Сан Матео“ во американскиот град Сан Франциско.
– Во лимузината се наоѓале 10 лица од кои пет починаа, а четири минаа со полесни повреди, соопшти претставникот на калифорниската сообраќајна полиција Амелија Џек.
Починатите при пожарот се жени на возраст од околу 30 години.
Според Џек, додека минувале по мостот, возачот на лимузината забележал како од задниот дел на возилото излегува чад. Тој веднаш запарел, но по само неколку секунди лимузината пламала во оган.
Кај тројца од повредените се констатирани тешкоти при дишењето поради вдушување чад, а четвртиот се здобил и со изгореници.
Засега не се познати причините за избувнувањето на пожарот.