Три жени починаа – откако им биле пресадени заразени органи од донор Србин


Три жени од Австралија починаа во рок од еден месец, откако им била извршена трансплатација на органи од донатор со српско потекло.

srbija-transplatacija-bubrezi-dan-bubrega-1328585176-44238Карен Вилкинсон (44), Кармелина Сиријани (63) и Гурпал Санда (64) примиле органи од донаторот Јова Врањешевиќ, кој починал од мозочен удар во Мелбурн, кратко по враќањето од Србија, пишува српски „Курир“.

Истрагата покажала дека Врањешевиќ бил заразен со вирус, кој го пренесуваат глувци.

Патологот утврдил дека сите три жени, неколку дена по пресадувањето на органите, ги добиле првите знаци на компликации, и на крајот починале од овој редок вирус.

Со истрагата, исто така, е утврдено дека лекарите воопшто не го ни прашале семејството на починатиот Врањешевиќ, за неговата здравствена состојба пред да бидат донирани органите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1