Бразилски геолози изјавија дека во Јужен Атлантик, на 1.500 километри од брегот, во висина на Рио де Жанеиро, пронашле камен кој би можел да биде дел од Атлантида, континент кој наводно потонал пред 100 милиони години, при раздвојувањето на Африка и Јужна Америка.
Роберто Вентура Сантос, лидер на тимот експерти на Геолошката служба на Бразил кој пред две години, за време на анализа на океанското дно, пронашол примероци на гранит, камен кој може да се најде само на континент, а не и во самото море, рече дека тоа би можело да биде доказ за постоење на древна Атлантида.
Тоа би можело да биде бразилска Атлантида. Речиси сме убедени во тоа, но потребно е нашата хипотеза да ја поткрепиме со нови докази, рече тој. Конечниот научен наод ќе го добиеме оваа година по новите дупчења и анализи на подводниот камен, истакна Вентура Сантос. Тој истакна дека минатиот месец група истражувачи од Бразил и Јапонија изврши истражување на геолошкото подморје по должината на бразилскиот брег.
Врз основа на тие анализи, почнавме да увидуваме дека тоа цело подрачје би можело да биде дел од Атлантида, континент кој исчезнал во морето пред повеќе милиони години, истакна Вентура Сантос.