Мајката на една од девојките кои 10 години биле држени во затвореништво починала од тага по ќерка си, не дочекала да дознае дека таа е жива.
Аманда Бери исчезнала во 2003, само еден ден пред да наполни 17 години. Таа од куќата каде престојувала последните 10 години против своја волја, синоќа избега заедно со Џина и Мишел, другите две киднапирани жени.
Нејзината мајка не губела надеж дека Аманда е жива – но не дочекала да ја види. Лоана Милер починала во 2006, три години по киднапирањето на нејзината ќерка, без да знае дека таа навистина е жива. Здравјето и се влошило по исчезнувањето на Аманда, пренесува Дејли мејл.
Во 2004 Лоана одела на психијатар каде била убедувана дека девојчето сигурно не е живо штом не се јавува. Но мајката била убедена во спротивното.
– Лоана почина од скршено срце, велат нејзините блиски.
Аманда во заробеништво родила дете. И нејзината 6 годишна ќерка ја напушти куќата на киднаперите на нејзината мајка.
Курир