Поголемиот дел на земјата во вторник ќе биде зафатен со топлотен бран, заради што ќе биде прогласена жолта, односно алертна фаза.
Единствено пелагонискиот и охридско-преспанскиот регион ќе останат со температури кои се во зелената фаза.
Од Министерството за здравство препорачуваат избегнување за задржување на отворен простор од 11 до 16 часот, носење лесна и светла облека, консумирање на лесна храна и течности, како и хигиена на раце и хигиенска подготовка на храната.