Судењето за професорот обвинет за педофилија почнува од почеток


Судењето за професорот по историја од гимназијата во скопско Драчево почнува од почеток, откако Апелација ја поништи ослободителната пресуда што ја досуди Основниот суд Скопје 1.

g_osnoven-sud11Професорот по историја се товари дека најмалку две години сексуално злоставувал ученици од оваа гимназија. Тројца ученици дале писмени изјави против професорот во текот на истражните дејствија.

Според МВР, две години, заклучно со 16 декември минатата година, професорот повикувал ученици во неговиот кабинет, ја заклучувал вратата, им покажувал карти со порнографска содржина, порнографски списанија и барал од нив на компјутерите да гледаат порно филмови и порно клипови. Во исто време пријавениот вршел полови дејствија пред учениците.

Полицијата соопшти дека професорот го признал делото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1