Граѓаните ќе можат да пријават евентуални проблеми при пременот од аналогно во дигитално емитување на телевизиските сигнали на бесплатниот телефонски број 190 во контакт центарот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), соопштиja денеска од АЕК.
Република Македонија ќе почне со дигитален пренос на телевизиски содржини на националните и регионалните телевизии во сабота на 1.јуни.
Според АЕК, граѓаните можат да се јават за сите проблеми при процесот на дигитализацијата секој ден, вклучително и сабота и недела.
Со исклучувањето на аналогниот и вклучувањето на дигиталниот сигнал, граѓаните кои немаат кабелска телевизија, Макс или Бум ТВ, а имаат постар телевизор ќе треба да си купат нов телевизор со вграден уред за дигитален прием, или пак дигитален приемник (сет топ бокс) за да можат да следат телевизиска програма.
Според најавите, од 60. телевизии што побараа промени на дозволите за премин од аналогно во дигитално емитување, 30 ќе зрачат програма преку дигиталната платформа на избраниот оператор за дигитализацијата компанијата ОНЕ