Поевтино млеко во Македонија, Дукат ги намали цените


 трајните млека на Дукат со 2,8% и 0,5% млечна маст ќе се продаваат по промотивна препорачана цена од 45 денари за литар, со што намалувањето на малопродажната цена надминува 10 проценти.

dukat mleko– За оваа одлука за намалување на цената имаме двоен повод. Првиот е Светскиот ден на млекото, а вториот е исклучително високата оценка од меѓународните авторитети за тестирање на вкусот и квалитетот на омиленото трајно млеко на потрошувачите ширум регионот и во Македонија. Ваквиот огромен успех на Дукат заслужува да биде споделен со нашите потрошувачи, изјави Благоја Слабев, генералeн директор на Дукат во Македонија.

Имено, трајното млеко на Дукат со 2,8% м.м. е наградено со две златни ѕвезди за неговиот исклучителен вкус од страна на Меѓународниот институт за вкус и квалитет (кратенка iTQi)со седиште во Брисел, во рамки на годишното тестирање во кое учествуваат над 1200 прехранбени производи и пијалаци од реномирани производители ширум светот.

Покрај трајното млеко на Дукат со 2,8% м.м., награди на годинешното тестирање за вкус и квалитет од страна на iTQi добија уште 10 млечни производи на Дукат, меѓу кои: Дукат јогуртот со 2,8% масленост, јогуртите SenSia и b.Activ LGG, Dukatela classic, сирењето Sirela Podravec и други.

iTQi – Меѓународниот институт за вкус и квалитет од Брисел секоја година, спроведува ригорозни тестирања на најраспространетите и популарни прехранбени производи и пијалаци, и врз основа на резултатите ги издава наградите за супериорен вкус („Superior Taste Award“). Тестирањето го спроведува специјална жири комисија составена од врвни кулинарски експерти и сомелиери од 15 најпознати Европски асоцијации.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1