Обичниот југословен стануваше во 06:00 ги миеше забите со домашна паста, користеше домашен лосион после бричење – познатиот Пино Силвестре, а станот му мирисаше на топло млеко, варено млеко.
Како беше секојдневниот живот во Југославија од 50-тите до 90-тите години на минатиот век може да се види на меѓународната изложба во Белград. Организаторите за српските медиуми велат дека ова не е носталгија за Југославија туку носталгија за едно време кога убаво се живееше.
Денешните генерации не знаат како е во продавница да имаш неколку типови на артикли, да мирисаш на Пино Силвестре, од пасти за заби да имаш само Колинус.
Незнаат како е бесплатно да се школуваат, да летуваат во одмаралишта од фирмите каде работат нивните родители.
Изложбата е составена од сите аспекти на живот – а изоставена е политиката. Има експонати на самопослуга каде има јогурт во троаголно тетрапак пакување, гајби пиво – ѕидарско, изложен е и оргиналниот плакат за филмот ,,битка на Неретва,, кој го правел Пабло Пикасо.
Изложбата е интерактивна. Секој може да седне во автомобилите од тоа време, секој може да седне на каучот од дневната соба, да види како тогаш изгледале автобуските станици, што се правело пред Дневникот или по него – кога имало еден или два дневника на ден и толку.
Изложбата обрнува внимание и на другите аспекти од животот – музика, спорт, забава. Што се слушало, кои биле популарни бендови, филмови. Изобилува со фотографии и постери од тоа време.
Изложени се портски дресови на легендите на југословенскиот спорт, автомобили, украси кои биле неизбежен дел од секоја дневна соба – односно се она што го чинело секојдневниот живот на еден Југословен. Едноставно секој кој ќе дојде на изложбата ќе се потсети како се живеело во Југославија.
Повеќе фотографии на – фејсбук страната на изложбата
Повеќе инфо на – tajmlajn.com, vijesti.me
Видео – Ал Џезеира Балкан