Новинарот Томислав Кежаровски и останатите притворени во акцијата „Ликвидација“ добија нови 30 дена притвор
Кривичниот суд денеска им го продолжи притворот на новинарот Томислав Кежаровски, но и на останатите останатите осомничени во акцијата „Ликвидација“.
Кривичниот совет на суд денеска претпладне одлучуваше за притворот откако обвинителството за организиран криминал вчера подигна обвинителен акт за акцијата „Ликвидација“ и паралелно предложи да се продолжи притворот.
Како образложение за продолжување на притворот се наведува опасност од бегство.
Кежаровски веќе трет ден штрајкува со глад во затворот во Шуто Оризари затоа што истрагата заврши, а тој се` уште е во притвор. Неговото семејство поднесе и гаранција од недвижен имот за да се брани од слобода.