По спроведената контрола на работењето на охридските плажи, а и по поплаките кои пристигнуваат од страна на гостите-корисници на плажите, општина Охрид со предупредување до концесионерите за нивно целосно придржување до Договорот за краткотраен закуп на плажи.
Во писмото упатено до нив меѓу другото се посочува дека:
Локалната самоуправа ги потсетува закупците дека, согласно потпишаниот договор, меѓу другото имаат обврска и мора да се придржуваат кон режимот на користење на плажите (работно време)
– При планирање на просторот, 40% -60% од плажата да биде СЛОБОДЕН за користење без оптоварување со лежалки и други реквизити, стои во соопштението.
Секое непридржување кон поставените правила, негативно се одразува врз останатите субјекти кои работат во туризмот. Локалната самоуправа нема да толерира отстапување од Договорот и ќе инсистира на негово доследно спроведување.
Доколку и понатаму се отстапува од обврските кои ги прифатиле, Oпштина Охрид има законска обврска да го санкционира таквото однесување, а истовремено напоменува дека согласно член 7 ќе поведе постапка за еднострано раскинување на Договорот.
Kurir