Жерновски ќе ја урива порта „Македонија“ пишува Фајненшел тајмс


Во текст на угледниот британски весник „Фајненшел тајмс“, кој е објавен завчера, е наведено дека градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски планира да ја урне порта „Македонија“, а голем дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“ да ги размести во помалите градови низ Македонија. Новинарката на весникот, Kетрин Хоуп за својата репортажа  интервјуирала повеќе соговорници, меѓу кои и премиерот Никола Груевски и градоначалникот Жерновски. Дел од изјавата на Жерновски е парафразирана, а дел пренесена како цитат.

porta_makedonija_1Весникот пишува: „Најголемата грешка на Владата беше што го почна проектот без консултација со граѓаните кои на крајот го плаќаат овој проект“, изјави Жерновски, пратеник од малата Либерал-демократска партија. „Гласачите одлучија дека тој е прескап и во право се. Ние се соочивме со огромни трошоци кои не можеме да си ги дозволиме и не знаеме каде се потрошија тие пари“. Жерновски вели дека ќе ангажира меѓународен ревизор за да го преиспита проектот, откако увидел дека Владата платила многу високи цени за повеќето од спомениците, пишува во текстот.

Градоначалникот на Центар вчера демантира дека изјавил дека ќе ја отстрани порта „Македонија“.

– Во ниту една пригода, во изјава, интервју или настап немам споменато уривање на кој и да е споменик, па ниту на порта „Македонија“. Точно е дека за иднината на спомениците и за нивната локација, ќе ги прашаме граѓаните, истите оние граѓани што претходното раководство не ги праша дали сакаат толку пари да бидат потрошени за скапите споменици и фонтани од проектот „Скопје 2014“ – изјави Жерновски за „Дневник“.

Dnevnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1