За летно освежување со малку креативност можете да го пробате новото хит летно мени – супа од лубеница. Рецептот го пренесоа колегите од МКД.МК
Потребни состојки:
4 чаши лубеница исечкана и исчистена од семки
1 голема краставица излупена и исечкана
1 зелено чили пиперче без семки
1 млад кромид
1 лимон
половина чаша свежо нане
2 лажици оцет
1 лажица маслиново масло
сол и црн пипер по вкус, а може по желба да се додадат и маслинки.
Ако сакате исклучителна декорација, може супата да ја сервирате и во самата исчистена лубеница.Пред подготовката на супата исечкајте ги сите намирници.
Во голем сад измешајте ги парченцата лубеница, чили, кромид, краставица, сок и кора од лимон, нане, оцет и маслиново масло. Откако ќе ги измешате, ставете ги во блендер.
Потоа претурете ја смесата во чинии и додајте сол и црн пипер по желба.