Градоначалникот што згази човек, се` уште е директор


Поранешниот градоначалник на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ кој минатата година прегази човек и го напушти местото на несреќата, се` уште е директор на поштата во Куманово. Иако од владејачката ВМРО-ДПМНЕ искажаа јавно несогласување со одлуката Јовановиќ да биде поставен за в.д. раководител на Пошта Куманово и најавија дека во рамките на законските и институционални можности ќе покрене иницијатива за негова смена, тој се уште е на оваа раководна позиција. Пред две недели опозицискиот СДСМ обелодени дека Јовановиќ станал директор на Кумановската пошта, наместо да одговара за тоа што усмртил човек.

M4034S-4211„Утрински весник“ денеска го доби Јовановиќ во неговиот кабинет во Кумановската пошта. Тој потврди дека се` уште е раководител на подрачната единица на „Македонски пошти“ и нагласи дека тој бил на ова место пред да стане градоначалник. На прашањето дали му е соопштено дека ќе биде разрешен, поради сообраќајната несреќа во која го усмрти триесетгодишниот Срѓан Лазаревиќ, тој кусо одговори:

„Не знам јас за тоа. Ќе мора да се обратите на друго место. Тоа се политички работи“.

Од дирекцијата на „Македонски пошти“ денеска соопштија дека Јовановиќ ќе биде сменет, но не се знае кога. „Покрената е постапка за негово разрешување“, кусо изјави Љиндиана Граждани, одговорна за комуникации во „Македонски пошти“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1