Во 1900 косел грип, денес – срцето!


Болести на срцето, рак и некои хронични заболувања се најчестите причини за смрт на луѓето денес, покажуваат податоците презентирани во 200-тото издание на New England Journal of Medicine.

Журналот прави интересна споредба за тоа од што се умирало во 1900 година, а од што денеска, повеќе од 100 години подоцна.

На почетокот на 20-тиот век најсмртоносни биле грипот и пневмонијата, потоа туберкулозата и инфекциите на органите за варење. За споредба, денес речиси тројно повеќе луѓе умираат од малигни заболувања, но затоа туберкулозата и воспалението на белите дробови веќе не се смртоносни.

Срцевите заболувања се меѓу најчестите причинители на смрт и во Македонија. Повеќе од 57 отсто од смртните случаи во Македонија во 2010 година биле последица на кардиоваскуларни заболувања, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1