Без 500 евра во џеб немој да сте помислиле на умирање – толку чини погреб


Погребалните услуги се сигурна работа, но како и во многу други бизниси во голема мера целата работа е подложна на манипулации, мито и корупција. 

Цената на еден просечен погреб кој што вклучува и обврзувачки дел кој се плаќа на самиот погреб, не може да биде под 20,000 – 30,000 денари. Во оваа цена е вклучен сандак кој што чини 15,000 денари, покрив, душек, крст, превоз, пеење на попот и услуги на погребалните друштва…

Кога на ова ќе се додаде и сумата која што треба да ја платите за доктор кој што треба да издаде документ за смртта, како и сумата за место каде што ќе биде погребано телото, самата смрт на блискиот веќе станува споредна работа.

Колку е регулирана целата работа кај нас?. Кога ќе стигна најлошото, најблиските на покојникот не бараат документација од погребалното друштво, нив ги интересира само цената. Голем број на погребални друштва не работат според правилата… нови возила, опрема итн… Се појавуваат „дифтари“ кои што ја користат несреќата на другите само за дојдат до профит.

Голем број на погребални друштва работат без лиценна, а и оние кои што ја имаат, немаат соодветна опрема за да ја извршат услугата по нормални стандарди.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1