Мртов човек паднал од авион на Аир Франс кога слетал – се сомневаат дека е слеп патник


Од еден од авионите на компанијата “Air France”, кој летал на линијата од Буркина Фасо преку Нигерија за Париз, паднал леш на непознат маж.

strava-pri-slijetanju-muskarac-pao-sa-zrakoplova-nasli-ga-mrtvog-slika-1182829

Oколу 5 часот наутро во четвртокот, при слетувањето во Нијамеј, полицијата го пронајде безживотното тело  како лежи во вир од крв, изјавил министерот за одбрана на Нигерија, Абдоу Лабо, напоменувајќи дека крвава дамка била забележана и на левото крило од авионот.

Се претпоставува дека станува збор за слеп патник кој во Буркина Фасо некако успеал да влезе во просторот со опремата за слетување. Истрагата е во тек, а во рамките на истата веќе биле испитани патниците и членовите на екипажот. Спорното летало било задржано во хангар во Нијамеј, додека патниците по испитувањето кон своите крајни дестинации одлетале со заменски летала.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1