Баба и дедо се запознале и вљубиле преку Скајп


ljubov stari baba dedo1

83 годишна жена од Чешка, и нејзиниот 86 годишен сосед, благодарение на напредната технологија, се запознале, почнале врска и се вљубиле.

Се почнало кога Јана добила подарок компјутер од својата ќерка. Таа не го користела долго време, но по инсистирање на ќерката, да научи да користи скајп за да се слушаат, таа почнала да го користи компјутерот. Најмногу и се допаднале а и најлесни и биле видео разговорите преку скајп.

Но бабичката немала многу контакти на скајп и немала со кого да разговара. За време на една прошетка го сретнала соседот со кого не комуницирала многу освен учтиво поздравување. Но тој ден почнале разговор. Му се пофалила дека има компјутер и сака да зборува преку скајп ама нема пријатели, тој и предложил да ја додаде во листата на пријатели и да разговараат.

– Така некако се разви целата хемија и чувства, и сега живееме заедно веќе три години. Задоволни сме еден со друг – вели 86 годишниот маж.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1