Змија која побегнала од продавница за домашни миленици задавила две момченца во канадската покраина Нов Бансвик.
Момчињата, според првичните информација братчиња на 5 и 7-годишна возраст, останале да преспијат во станот на своето најдобро другарче кој се наоѓал над продавницата за егзотични животни во гратчето Кемпбелтон.
Полицијата истражува дали змијата во текот на ноќта побегнала од кафезот и низ вентилацијата дошла до станот над продавницата. Заменикот градоначалник, Јан Комеј изјавил дека станува збор за голема трагедија и фека „градот е во шок”.
Зоолозите велат дека нападите од егзотичните змии се извонредно ретки. Директорот на зоолошката градина во Монтреал, Дејвид Рогриг, изјавил дека не може да верува оти тоа се случило. „Тоа е многу многу ретка ситуација и многу малку веројатна”, рекол директорот.
Сé уште не утврдено точно за каков вид змија станува збор. Локалните медиуми прво објавија дека станува збор за боа, меѓутоа претставници на градските власти потоа изјавија дека веројатно во прашање е африкански питон.
Сопственикот на продавницата, Жан-Клод Савоа, е татко на момченцето кај кое спиеле несреќните братченца, пишува весникот Toronto Star. Тој за канадската телевизија CTV изјавил дека змијата ја чувал од 2001 година и досега немал проблеми со неа.