Пак нарачувајте преку интернет: Порачала Apple телефон – и доставиле јаболки


Австралијанка дала 1.500 долари за два телефони iPhone, но во кутијата со логото на компанијата, наместо телефон, навистина имало јаболки.

ripe red apple with green leaf isolated on whiteКупување на гаџети на интернет често носи и големи ризици затоа што секогаш постои можност за измама и праќање на неисправна или лажна роба.

На таков начин, излажаната 21-годишна девојка од Австралија платила 1.500 долари за да, како што пишува Yahoo, на тежок начин да ја научи разликата меѓу Apple како компанија и Apple како овошје (јаболко).

Имено, таа преку еден интернет оглас сакала да купи нов паметен телефон, а жената која ја контактирала и рекла дека може да и продаде два модела. Договориле средба во еден ресторан во кој Австралијанката дала 1,500 долари за две кутии за кои вели дека изгледале како потполно нови и во кои би требало да се наоѓаат телефоните на Apple, но за време на плаќањето таа не ја прегледала содржината на кутиите.

Кога си дошла дома и ги отворила кутиите, доживеала шок затоа што во нив, наместо телефоните на Apple, се наоѓале – јаболки.

aPPLe_620x0

После овој случај, полицијата во Брисбен уште еднаш ги предупредила купувачите да внимаваат кога купуваат преку интернет огласи, и им препорачале да бидат „паметни околу работите кои ги купуват“.

Иако на многу интернет страници во коментарите корисниците ја исмеале оваа девојка (на пример, некои напишале дека „телефоните се попаметни и интелигентни од своите сопственици“), бројот на вакви измами е се поголем.

Бројот на измамени расте, луѓе кои сакале да купат телефон или таблет, досега во кутиите добиле компири, парчиња дрво, стари транзистори и слични работи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1