Видео: Мајмуните во зоолошка градина ги бојкотираат посетителите


Група од 112 мајмуни оваа недела стоеше речиси замрзната на едно место, свртувајќи им ги грбовите на посетителите во зоолошката градина.

babuni-m500Освен што одбиваат да се помрднат, мајмуните исто така го изгубиле и апетитот, а разни теории за нивното однесување веќе се оформиле.

Така, една од теориите е дека мајмуните виделе или дури измислиле предаторите, па дека се во страв да не ги нападнат, додека друга, дека почувствувален лесен земјотрес и дека тоа ги уплашило.

Вијрен Ландман, еден од вработените вели дека едно утро едноставно почнале да се однесуваат чудно.

– Не скокаа и не беа хистерични, едноставо почнаа да бидат сомничави и уплашени без причина, рече Ландаман.

Сите мајмуни се родени во заробеништво, немале никаков допир со дивината, што уште повеќе ја распламти фантазијата на љубителите на теоријата на завери, и така се појави и информацијата дека можеби виделе и НЛО.

Меѓутоа, работите полека се враќаат во нормала, па некои од мајмуните веќе почнале да јадат помали порции јаболка, па се очекува дека и другите ќе го следат нивниот пат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1