Американски турист скрши прст на 600 години стара статуа


Американски турист силно ги налути жителите на Фиренца кога случајно го скршил прстот на непроценливата статуа на Богородица, стара 600 години, која се наоѓа во музејот.

Неименуваниот 55-годишен турист од Конектикат, се обидел да го спореди својот прст со оној на мермерната статуа во Museo dell’Opera del Duomo и случајно го скршил. Чуварот се обидел да го запре, но веќе било предоцна. Туристот, кој бил на одмор со сопругата и уште една двојка, бил престрашен и почнал да се извинува, страхувајќи од тужба и огромна казна за уништување на вредниот споменик на културата.
HT_statua_danneggiata_Opera_del_Duomo_foto_Umberto_Visintini_3_thg_130806_16x9_992 Оваа скулптура во 14 или 15 век ја создал фирентинскиот уметник Џовани д`Амброџо.

Тимоти Вердон, Американец на чело на Уредот за света уметност и црковно културно наследство на таа музеј-катедрала, го осудил однесувањето на својот сонародник. Навел дека оштетниот прст не бил оригинален, туку излиен подоцна, како и тоа дека не е сигурен колку ќе чини поправката, ниту дали е таа воопшто возможна.

„Во светот како нашиот, фундаменталното правило при посета на музејот е заборавено, а тоа гласи: Не ги допиран уметничките дела!“, вели тој. Голем број вредни уметнички дела во Фиренца се држат добро чувани и далеку од јавноста, а во музеите се поставени копии.

Портпаролот на музејот изјави дека засрамениот турист имал среќа и нема да биде казнет, ниту кривично гонет, а музејот веќе ангажирал тим реставратори на свој трошок. Споменатата статуа била кршена веќе три пати во минатото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1