Ова е Русинот што провали во резиденцијата на претседателот Иванов (Фото)


Руски државјанин ја крена на нозе претседателската служба за обезбедување. Системот за  видео надзор ги алармирал дека има непоканет гостин околу 10 часот утрово – забелажеле  како некој ја прескокнува оградата од задната страна на претседателската вила.

cervovОбезбедувањето веднаш се пуштило во лов. Го фатиле русинот и му ги ставиле лисиците на раце. Од Водно го однеле во полициска станица.Триесет и тригодишниот руски државјанин пред полициските инспектори се правдал дека оградата ја прескокнал барајки помош. Не знаел дека влегува на претседателски имот.

При претресот кај рускиот државјанин не било пронајдено оружје. Во себе носел само документи за идентификација. Распитот во полиција се уште е во тек.  МВР проверува дали неговата приказна според која се загубил шетајки на Водно е вистинита или имал друга намера и зошто покрај неколкуте приватни куќи и вили за да побара помош ја одбрал токму претседателската.

Во моментот додека бил вклучен алармот и траела потрагата по дворот претседателот Иванов не бил во вилата.

Рускиот државјанин кој утрово ја прескокнал оградата и влегол во дворот на претседателската резиденција на Водно е 33-годишниот Денис Червов, дознава „Република“.

Денис отворил негов профил на „Фејсбук“ пред само три дена. Досега има само 5 пријатели, сите од Русија и 3 фотографии. На насловната фотографија на неговиот профил, младиот Русин е сликан пред споменикот на воинот на коњ на скопскиот плоштад. На профилот има и негова фотографија пред „Библиска лига“, односно христијанска организација на евангелското единство на Македонија.

cervov

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1