Се враќа коцката на плоштадот заедно со нова фонтана за разладување


Од Градот Скопје информираат дека ќе се гради современа фонтана на површинско ниво со 128 прскалки, кои ќе се употребуваат само во летниот период. Фонтаната ќе биде со димензии 15×15 метри, а ќе биде поставена на просторот помеѓу Камениот мост и постојната фонтана.

greenway-splash-fountainСтанува збор за површинска фонтана, која нема корито и која кога не е во функција не зафаќа простор, односно, преку неа граѓаните ќе можат слободно да се движат. Слична фонтана веќе има во Прилеп но скопската ќе има дури 128 прскалки.

– За време на реконструкцијата, постојните плочи на плоштадот делумно ќе бидат зачувани, а другите ќе бидат извадени и ќе се употребат на плоштадот кај црквата „Пресвета Богородица“. На местото на извадените плочи, при реконструкцијата на партерот на плоштадот „Македонија“, ќе биде поставена коцка. На плоштадот ќе бидат заменети канделабрите, клупите и кантите за отпадоци, стои во денешното соопштение од Град Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1