Катери и Џеј Шванд од Рокфорд, Мичиген, му посакаа добредојде на своето 12-то дете минатата недела, и секако тоа е момче. Сега тие имаат 12 синови.
„Не знаевме што е се додека не се роди. Не дознавме. Но секогаш е момче, и секогаш е изненадување”, вели среќната мајка за NBC телевизиската станица.
Такер Реј Шванд е роден на 4 август, како најмладо од сите браќа, чија возраст достигнува до 21 година.
Единаесетте браќа на Такер побрзале во собата на мајката во болницата „Ст. Мери”, за да го видат својот најнов брат.
„Никогаш не замислував дека ќе седам овде со моето 12-то дете”, вели Џеј Шванд.
Гордите родители велат дека се надевале дека ова дете ќе биде женско, но како и 11 пати пред тоа, не беше.
„Сигурна сум дека женско бебе ќе беше многу забавно да се има, но ние знаеме што правиме. Некогаш се чувствувам како да живеам во плакарче”, вели Катери, која има синови да направи еден фудбалски тим.
Најстариот син, Тај, вели дека има бенефити од толку големо семејство.
„Знам како да се снајдам со распоредот и да се осигурам дека сите деца ќе бидат каде што треба да се однесат или да се земат, од време на време, кога мајка ми ќе заборави”, вели Тај.
Сепак, таткото Џеј, вели дека нема ништо против уште деца.
Вели дека можеби тринаесетката ќе биде шармантната бројка што ќе го донесе девојчето во семејството