Минатата недела шпанските власти уапсија група измамници кои воделе бизнис со реплики на супер-автомобили правејќи копии на Ферари со помош на евтини делови на Тојота. A иронијата да биде поголема фалсификаторите не се мачеле ни да ги сокријат ознаките на моторите на кои јасно се гледа знакот на Тојота.
Според информациите фалсификаторите имале неколку фабрики низ Шпанија, а на клиентите им ги продавале овие автомобили по огромни суми – сепак поевтини отколку оргиналот.
Полицијата заплени и уништи 19 реплики (17 Ферари и две Астон Мартин), а овие денови објавено е видео на кое може да се види како изгледале овие верни копии кои се продавале по цена од 40.000 евра