Паника во Париз: Евакуирана Ајфеловата кула!


ajfelova_kulaАјфеловата кула била евакуирана заради закана со бомба. Засега нема информации дали била пронајдена некаква експлозивна направа на самата кула.

Париската полиција денес ги евакуирала сите луѓе од Ајфеловата кула, една од најпримамливите туристички локации во главниот град на Франција . Полицијата со евакуација на 324 метри високата кула започнала во 14 часот.

Се уште не се знае дали е пронајдена некаква сомнителна или експлозивна направа.Ајфеловата кула е изградена во 1889 година, а секоја година е посетена од околу 7 милиони туристи. Денешната закана не е прва ваква ситуација на оваа локација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1