Семејната гробница на Џерардини денеска ќе биде отворена за да можат научниците да ги споредат примероците на ДНК со женскиот костур од манастирот Урсулин за кој се верува дека била модел на Леонардо да Винчи за портретот на Мона Лиза.
Истражувачите веруваат дека жената која го инспирирала Да Винчи, била Лиса Џерардини Дел Џоканда, жена на трговец од улицата во која живеел славниот уметник во 16-от век.
Гробницата е отворена минатата година во поранешниот манастир Урсулин во Франција и пронајдени се неколку скелети, јави „Дејли Мејл“.
Се верува дека е еден од костурите е на Лиса Џерардини, а за тоа да се потврди, ќе се спореди со примероците на нејзините синови закопани во семејната гробница во Фиренца.
Се верува дека мажот на Лиса, Франческо Дел Џоконда го нарачал портретот од Да Винчи за да ја прослави нејзината бременост или купувањето на куќата меѓу 1502 и 1503 година.
После смртта на Франческо, таа стана монахиња.
Почина во 1542 година на 63 години и е погребана во манастирот.