Ја убил жена си, па на Фејсбук објавил слика од нејзиното тело (фото)


Дерек Медина (31) од Мајами прво ја убил својата сопруга Џенифер Алфонско, а потоа на својот Фејсбук профил објавил фотографија од нејзиното тело. Потоа заминал кај татко му, кој го однел во полиција, каде го пријавил убиството на Џенифер (26) чие крваво тело било пронајдено на подот на кујната во нивната семејна куќа во Мајами

ja stavil na fb-Ќе одам во затвор или ќе добијам смртна казна затоа што ја убив својата сопруга, ве сакам сите- напишал Медина.

Во продолжение на пораката напишал: „Жена ми ме шиканира и тоа нема повеќе да го трпам. Се надевам дека ме разбирате„.

Неговата порака и вознемирувачка фотографија од младата жена покриена со крв стоеле цели пет часа на Фејсбук, пред администраторите да ги тргнат.Во моментот кога се случило убиството во куќата најверојатно била и нивната десет годишна ќерка од претходната врска на Дерек, која останала неповредена.

Неговиот татко кој исто така се вика Дерек, рече дека неговиот син дошол околу 11 часот пред пладне и му кажал дека си ја убил сопругата. Рекол дека се скарале, дека Џенифер тргнала со нож кон него, а потоа тој зел пиштол и пукал во неа.

Тој објаснува дека нивната врска била многу бурна, и дека се развеле по три години брак, но дека минатата година повторно се венчале.

Џенифер била активна на Фејсбук 15 часа пред сликата од нејзиното мртво тело да се појави на оваа социјална мрежа. Тогаш тој ја сменил профил сликата, ставајќи фотографија на која тие двајцата се бакнуваат.

ja stavil na fb

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1