Ви падна шеќерот? Брзи печени тулумби (без пециво)


tulumbicki-4f35fc-800x612Состојки

  • 200 гр вода —2 филџанчиња за кафе
  • 150 гр масло—-1 и 1/2 филџанче за кафе
  • 3 јајца
  • 5-6 лажици брашно со пупа полни
  • 1 лажица нишесте
  • Шербет
  • 800 гр шеќер
  • 700 гр вода

Подготовка

PICT6371-541e29-300x300Водата и маслото ги ставаме на оган да вријат.
Кога се зовриени ги тргнуваме од плочата.
Ги додаваме брашното и нишестето.
Мешаме убаво на страна и откако ја изедначуваме смесата, пак ја враќаме на оган и пржиме малку.

Потоа смесата ја вадиме од оганот и додаваме јајца.
Мешаме или со миксер или со рака.

Смесата е изедначена и ја ставаме во калапче за тулумби.
Можете да ја ставите и во готварски шприц и да испаднат мали тулумбички.

Редиме во плех, но не подмачкан.
Печеме веднаш на температура од 200 степени, се додека не добијат румена боја.
Оставаме да изладат.

PICT6381-5f3611-300x300

Кога се ладни ги полеваме со шербет.

Него го подготвуваме на стандарден начин.

Ги ставаме на оган шечерот и водата и вријат ооколу 5 минути , убаво да зоврие.
Го тргаме од оганот шербетот, почекуваме 2-3 минутки, па потоа ги преливаме тулумбите. Шербетот жежок, тулумбите ладни.

Оставаме да впие шербетот во тулумбите.
Потоа јадете колку ви носи душата…

На здравје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1