Домашна јуфка со јајца и млеко


DSCN1727-03e15b-800x600Состојки

  • 4кг брашно
  • 31 јајце
  • 250мл млеко
  • 200мл масло
  • 1шака сол

Подготовка

DSCN1714-d9a7e7-300x300

Домашно си е домашно.

Традицијата на правење домашна јуфка кај нас е стара. Порано секогаш јуфката се сукаше и се сечеше со нож.

Тоа беше посебен ден кога две-три тетки заедно со мојата мајка си доаѓаа секоја со своето сукало, па тука имаше добро дружење, по некоја шега и многу јуфки.

Затоа мислам дека убавината не е само во тоа да се касне домашна јуфка туку тука е и дружењето.
Денес најчесто јуфката се прави со машинче и овој рецепт тука е баш за таква јуфка.
Начинот на правење со машинче верувам на сите им е познат затоа кратко ќе го напишам.

Јајцата се кршат во поголем сад и се матат заедно со млекото и маслото. Брашното убаво се сее низ сито, се додава сол и постепено се замесува.

DSCN1721-9f3f99-300x300

Смесата од јајца се истура кутлача по кутлача и се меси.Одкако ќе се замеси убаво тестото се бие додека не почнат меурчиња да излегуваат.

Тестото се дели на малечки топчиња кои пак се изработуваат и се поминуваат низ машината прво низ 3, па низ 6 и на крај се сечат на 6.

Одкако ќе се исечат убао се ставаат на чисти покривки да се сушат и се покриваат со газа или завеса за да се заштитат од инсекти. Јуфката треба убаво да се исуши, а потоа се собира во хартиени или платнени торбички.

За да не побели јуфката сушејќи се, треба да се суши под сенка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1