Произведен супермед кој лекува рани и инфекции


med3

Научниците открија супер мед, за кој е и научно докажано дека лекува рани и инфекции и тоа со голема брзина.

Овој мед е тестиран на болни од рак, стари луѓе, тазе мајки, бебиња и се покажал како неверојатно лековит.

Раните и чиревите ги лекува за неколку дена, а корисен е и за инфекции после царски рез кај жените. Со овој мед се лекувани рани на војници од Авганистан, а користен е и за терапија на акни.

Докторот Метју Драјден од болницата Хемпшир вели дека по ова откритие ќе се случи револуција кога е во прашање лекувањето на раните во целиот свет.

– Супермедот ги убива бактериите, паразитите и габичните инфекции. Направив многу лабараториски тестови и резултатите се неверојатни, вели д-р Драјден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1