Македонци произведуваат лешник за познатиот Нутела крем!!!


Производството на лешници во земјава станува се поатрактивен агробизнис. Земјоделците се повеќе се интересираат за начинот на производство, набавката на садници, производствените трошоци и нормално заработката. Оние кои веќе се зафатиле со овој бизнис велат дека ако сериозно се посветите на производството, пласманот од лешници носи солидни приходи, пишува порталот Фактор.мк.

nutelaСашо Крстевски од Скопје веќе втора година одгледува лешници. Почнал со 1.000 садници на површина од два хектари. Садниците ги набавил од Италија.

– Идејата за одгледување на лешници ја добив од роднини и пријатели кои што живеат и работат во Италија, а кои исто така се занимаваат со одгледување на лешници. Еден садник чини 3 евра (садникот е сертифициран за субвенции) и го набавив од Италија, вели Крстевски.

сорта која што при одгледувањето бара минимум трошоци и е барана на светските пазари. Засега таква сорта е италјанската  Тонда џентиле де ла ланге, која се користи за производство на светски познатиот крем Нутела. Отпорна е на зимски мразеви и е многу родна и погодна за производство на македонско тло. Оваа сорта ја произведува и Крстевски, кој вели дека за разлика од другите сорти кои треба рачно да се собираат за што е потрбна дополнителна работна сила, оваа сорта паѓа од дрвото со едно протресување.

-Имам склучено договор со загарантиран откуп во Италија за фабриката Фереро, бидејки од оваа сорта Тонда џентиле де ла ланге се произведува Нутела кремот. Откупната цена зависи од берзата, моменталната цена на лупениот лешник е 5 евра, а на нелупениот е 2,5 евра за килограм.

-Мислам дека во последниве неколку години има голем интерес за производство и одгледување на лешници. Откако Италијанците ме овластија за преставник во земјава, многу луѓе ми се јавуваат и сакаат да набават садници. Моите планови за понатаму се да засадам уште 3 хектари и со вкупно 5 хектари мислам дека ќе имам еден  солиден бизнис за нашето семејство, вели Крстевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1