Досега до Градот Скопје и јавните претпријатија стигнати се пријави за паднати дваесетина дрва и екипите на терен ги расчистуваат паднатите гранки и скршени дрвја кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.
Градот Скопје апелира до граѓаните да ги пријават сите забележани дефекти во светлосната патна сигнализација или скршените гранки и дрвја од силниот ветер на следните телефони:
ЈП Паркови и зеленило – 02/3070 112, ЈП Улици и патишта – 02/3162 317 или ЈП Водовод и канализација – 3073-010, 0800 22555 – бесплатен број.