5 лица повредени во тепачката во парк – Полицаец пукал пред дискотеката – еве детали од инцидентот


Ноќеска околу 1:50 часот, пред дискотеката „Привилиџ“ во ГРадскиот парк во Скопје, дошло до крвава тепачка меѓу две групи на лица. Како што информираат од МВР, во едната од групите бил и вработен во полицијата, кој од службениот пиштол пукал во воздух.

policija

Во тепачката, биле повредeни пет лица и биле пренесени во Градската болница „Св. Наум Охридски“, додека во скопскиот Ургентен центар лекарска помош побарал врботениот во МВР.

Надлежните екипи извршиле увид на местото на настанот, каде бил пронајден еден неиспукан куршум од огнено оружје Скопската полиција презема мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1