Социјалистичките детски одморалишта стануваат хотели


Четири од шесте некогашни детски одморалишта на планините на крајниот македонски исток добија нови сопственици, две од нив веќе работат како реновирани туристички капацитети, а с` уште непродадени се двете одморалишта кај Берово. Пред еден месец во радовишкиот дел на Плачковица почна со работа хотелот „Бел камен“. Го отвори радовишката фирма „Алфа инженеринг“, која пред неколку години од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) го купи тамошното детско одморалиште и со реконструкција и со доградби го претвори во модерен хотелски и спа-центар, пишува Дневник.

odmaralistaПо повеќе неуспешни обиди, деновиве е продадено и детското одморалиште на планината Голак кај Делчево, а купувачот, делчевската фирма „Фротекс“, планира негова реконструкција и реактивирање како туристички капацитет. Претходно својот статус го промени детското одморалиште на Пониква на Осоговските Планини, кое беше преземено од МВР и сега работи како одморалиште за неговите припадници и како хотел од отворен карактер, а потоа детското одморалиште во штипскиот дел на Плачковица му беше дадено на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Агонијата на овие шест, како и на повеќето од другите 15-ина детски одморалишта во Македонија почна пред 10-15 години кога речиси сите престанаа со работа. Беа оставени и без чувари, па арамии однесоа речиси с` од нив – врати, прозорци, инсталации, светилки, паркет и оставија само голи ѕидови поради што и продажбата на објектите одеше и оди многу тешко. Пустошот од разграбувањето на одморалиштата најдобро се гледа од руините на одморалиштата Голак кај Делчево и Суви Лаки кај Берово.

Dnevnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1