10 год девојче силувало 4 год момче – мајката вели само си играле


Десет годишно девојче било уапсено и обвинето за наводно силување на четири годишно момче минатата недела во Хјустон. Нејзината мајка вели дека станува збор за неприкладна игра

siluvanoНаводното злосторство се случило во април во дворот на станбениот комплекс во кој живее девојчето.

-Таа е само дете кое се забавувало и играло. Не знаела дека се работи за нешто лошо- изјавила мајката на девојчето, која смета дека апсењето е непримерна мерка и дека била многу потресена кога полицијата ја апсела нејзината ќерка.

Девојчето било четири дена во затвор за малолетници во Хјустон, а ако биде осудена за злосторството за кое е обвинета, би можела да биде регистрирана како сексуален престапник.

Судењето ќе се одржи овој месец.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1