Во затвор, а храна како од хотел – еве што јаделе затворениците во злогласниот Алкатраз (Фото)


Се со цел да се одбележи 50 годишнината од затворањето на американскиот затвор Алкатраз, објавено е затворското мени, па на истото се наоѓаат специјалитети од кои што не би се засрамил ниту некој ексклузивен француски ресторан.

Пред своето затворање, Алкатраз бил познат по тоа што ја служел најдобрата храна во целиот американски затворски систем.

alcatraz-prison-islandСвежите состојки секојдневно пристигнувале од Сан Франциско, се со цел да се подготват гурмански оброци за некои од најопасните американски криминалци и тие да останат среќни, а тоа се правело се со цел да се избегнат потенцијалните побуни. Некогашните затвореници и денес ја споредуваат кујната во Алкатраз со некои од најдобрите семејни ресторани.

Така, во рамките на патувачката изложба “Alcatraz: The Last Day” на Леј Винер, фотограф на магазинот “Life”, еден хотел во Сан Францсико секојдневно подготвува тематско мени според примерот на она од Алкатраз.

Пред 50 години, Алкатраз беше најсигурен затвор во САД и симбол на правдата, а по неговото затворање, тој стана туристичка атракција и место за снимање на холивудските филмови, а во ќелиите некогаш престојувале најопасните американски криминалци како што се Ал Капоне, Џорџ Машин Ган Кели, Џејмс Вајт Булгер и Алвин Крими Карписа.

Во 1962 година се донесе одлука за затворање на затворот поради огромните трошоци и неговата локација во заливот. Девет години подоцна, Алкатраз стана национален парк и една од најпопуларните калифорниски туристички атракции, со 1,5 милиони посетители годишно.

alkatraz meni

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1