Е ова е дивоградба – цела планина на врв на зграда – му дале рок 15 дена да ја сруши


Еден кинески медицински тајкун шест години градел нелегална вила која потсеќа на планински врв и луксузна двостпратна вила на една стамбена зграда во Пекинг.

vrvОткако вчера се појавија слики од „градбата“ во кинеските медиуми и на интернет, властите на тајкунот му дале рок од 15 денови да го урне своето дело.

Комплексот е на врвот од зградата од 26 катови и има соби, карпи, дрва, грмушки и изгледа како објект изграден на морски гребен.

Станарите подолг период се жалеле дека илегалната градба од околу 80 метри квадратни ја загрозува безбедноста на зградата, но локалните власти ништо не преземале. Тие, исто така, се жалеле на бучавата и ноќните забави.

Соседот од 25 кат тврди дека тајкунот со години градел ноќе.

Сопственикот на вилата на покривот е шеф на фирма која се занимава со традиционална кинеска медицина и е поранешен член на политичкото советодавно тело на дистриктот.

Тајкунот изјавил дека ќе ја почитува наредната на локалните власти, инсистирајќи дека објектот е само „декоративна градина“.

divogradba1

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1