Загина дублерот што со падобран се спушти на отворањето на Олимпијадата во Лондон


dubler2Каскадерот Марк Статон кој скокна со падобран имитирајќи го имагинативниот таен британски агент Џејмс Бонд на свеченото отворање на летните Олимписки игри во Лондон минатата 2012 година, загинал во средата во Швајцарија летајќи во посебен костим со крилја – „wingsuit”, објавија во четвртокот швајцарската полиција.

Четириесет идвегодишниот Марк Статон во средата паднал на гребенот покрај Марињи, во близина на швајцарско-француската граница, во текот на wingsuit летање, екстремен спорт кој се состои во летање со посебен костум со крилја.

 

dubler olimpijada

Некогашниот воен офицер беше дублер на Даниел Крејг во една од највпечатливте сцени од свеченото отворање на Олимписките игри во Лондон кога изведоа скок со падобран со другиот професионален каскадер Гари Конери кој беше преправен во британската кралица Елизабета Втора. Конери во британскиот весник The Sun му оддаде почест на Марк Статон.

Швајцарската полиција соопшти дека 42-годишниот Британец загинал во текот на wingsuit летот во близина на Триенто во кантонот Вале ненаведувајќи го неговиот идентитет.

Полицијата истакна дека мажот скокнал од хеликоптер на височина од 3.300 метри заедно со уште еден маж

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1