Играчките како светлосни сабји или ласерски пиштоли, кои во себе содржат моќни ласери, може да предизвикаат сериозни повреди и слепило, предупредуваат здравствените власти.
Американската агенција за храна и лекови (FDA) означи голем број играчки како опасни.
Ласерските повреди обично не болат, но видот со време може да се влошува. Може да поминат денови, па и седмици без да се забележи дека оставиле трајни последици.
„Зракот насочен директно во нечие око веднаш може да го оштети, особено ако се работи за силен ласер”, вели Ден Хјуит од Центарот за уреди и радиолошко здравје при FDA.
Огласувачите ги рекламираат своите играчки така што децата и родителите веруваат дека се потполно безбедни, што најчесто не е случај и потребна е постојана родителска грижа, особено ако децата играат со електронски играчки.
„Последните години силата на ласерите зајакна, а цената се намали”, вели Хјуит.
FDA советува дека ласерот никогаш не смее да се насочува директно кон некого или кон некое животно, затоа што е поштетно од директно гледање во сонцето. Не треба да се насочуваат ни кон површини што одбиваат светлина.
Насочувањето на ласерите во возачи или луѓе кои изведуваат некоја работа може да доведе до сериозни несреќи.
Makfax