Половина куќа се урна во стариот дел на Охрид на улицата Климентов универзитет. Најоштетен е покривот на куќата која со години е во лоша состојба, јави А1он.
Во куќата живее 42 годишниот Александар Сандев кој нема никакви извори на егзистенција- не е вработен и не прима социјална помош, јави порталот.
„Беше еден силен потрес. Се вознемирија и комшиите и ми кажаа дека нешто се случило, но за среќа во тој момент јас не бев во куќата“, вели Сандев за А1он апелирајќи до централната и локалната власт да му понудат помош.
Повеќе на А1он.мк