Во нашата земја од рак на дојка најчесто страдаат жени на возраст од 45 до 49 години како и жени на возраст од 55 до 59 години.
Сепак, ракот на дојка не гледа години, едноставно се појавува онаму каде што смета дека ќе може да „вдоми“ и развие.
Ова се најчестите ризик фактори за настанување на рак на дојка?
1. Менструација на рана возраст – Жените со рана прва менструација се изложени на поголем ризик од појава на оваа болест.
2. Алкохолот – Редовното консумирање на алкохол може да биде причина за зголемениот ризик од појава на рак на дојка.
3. Прво породување по 35-годишна возраст – Жените кои имаат прво дете на возраст над 35 години, имаат 40 отсто поголем ризик да заболат од рак на дојка.
4. Изложеност на јонизирачко зрачење – Изложувањето на релативно голема доза на јонизирачко зрачење е поврзано со зголемен ризик за појава на рак на дојка.
Повеќе информации на следниот – ЛИНК