Вкупно 13.194 евра заработил „Градскиот трговски центар“ во 2012 година, а според берзанските работници, олкава добивка остваруваат помали гранапчиња, пишува Вест.
Вкупно 13.194 евра заработил „Градскиот трговски центар“ АД Скопје во 2012 година, покажуваат ревидираните финансиски извештаи објавени од компанијата.
Директорот на ГТЦ Аго Абазовски вчера не беше достапен да одговори на што се должи малата заработка во 2012 година. Собранието на акционери вчера на Македонска берза ја објави одлуката со која ја одобрил ревидираната годишна сметка за 2012 година дека добивката по оданочување изнесува 811.462 денари, односно 13.194 евра.
Олкава добивка, според берзанските работници, остваруваат помали гранапчиња. Според извештајот, во 2012 година ГТЦ остварил вкупни приходи од околу 255,1 милион денари, од кои од закупнина 54,2 милиона денари, односно околу 880 илјади евра. Од продажба на деловен простор друштвото има приходи од околу 343 илјади денари.
Вест.