Нови Докази: Британски војник ја убил Леди Ди?


Лондонската полиција ги истражува новите информации што неодамна ги примила за смртта на британската принцеза Дајана и египетскиот милионер Доди Фајед, кои загинаа пред 16 години во Париз, соопшти Скотланд јард.

Princeza-DijanaСпоред најновите информации, принцезата од Велс и нејзиниот пријател биле убиени од страна на припадник на британската војска, пренесе „Скај њуз“. Скотланд јард истакна дека се собираат детали и се проценува нивната релевантност, но и кредибилитет, но дека не е во прашање нова истрага за загинувањето на двојката во несреќата што се случи на 31 август 1997 година.

Процената на новите информации ќе ја изврши Специјалистичката команда за кривични дела и операции, а се наведува и дека смртта на принцезата детално се истражува во судскиот претрес во Kралскиот суд на правдата во Лондон. Според „Скај њуз“, информацијата била пријавена во полицијата од страна на родителите на екссопруга на поранешен војник.

Во судскиот претрес од 2008 година беше утврдено дека двојката загинала поради невнимание на возачот. Принцезата Дајана, поранешната сопруга на принцот Чарлс и мајка на принцовите Вилијам и Хари, имаше 36 години кога загина. Таа и нејзиниот пријател Фајед загинаа кога автомобилот во кој се возеа удри во столб во еден тунел во Париз. Во судската истрага беше утврдено дека за несреќата придонеле и новинарите, кои ги следеле со мотори, но и фактот дека возачот бил во алкохолизирана состојба, како и тоа што Дајана и Фајед немале ставено појаси.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1